ДУИ на протест против крстот во Бутел

0
1047

Поддржувачите на ДУИ денеска во 17 часот ќе излезат на мирен протест заради поставување на 52-метарскиот крст во општина Бутел.

Како што соопшти на прес конференција градоначалникот на Чаир, Изет Меџити одлуката на општина Бутел имала единствена цел, преку инструментализација на верата за политички цели, да провоцира и прозиведе етнички тензии и етнички судири во Македонија.