ДУИ најавува основање на институт за надзор на службената употреба на албанскиот јазик

0
253

ДУИ денес преку својот кандидат од ИЕ 6  Џеват Адеми, најавија основање на институт за надзор на службената употреба на албанскиот јазик. Од ДУИ објаснија дека институтот ќе функционира во форма на инспекторат кој ќе води сметка за заштита на спроведувањето на јазикот како и соодветната употреба на истиот, со што ќе се обезбеди албанскиот јазичен идентитет.

Основањето на институтот ќе придонесе кон јазичната рамноправност што е и вториот столб на ДУИ за овие избори, како и ќе влијае директно на интелектуалниот развој на населението. Ќе вршиме надзор и ќе го санкционираме секое застранување од нормите на литературниот албански јазик, кој што сега веќе е официјализиран во Македонија“, изјави Адеми.

ДУИ денеска оствари и средби со граѓаните на населба Хасанбег(Арачиново) каде Али Ахмети ги посетуваше семејствата на паднатите борци. Ахмети изјави дека не го загрижува тоа што СДСМ го бара гласот на Албанците, туку го загрижува создавањето на многуте политички партии во Македонија,

„Тие нема да успеат да добијат толку гласови како што претендираат туку, само ќе го намалат бројот на пратеници. Овие политички партии, немаат можност да ги направат чудата што ги ветуваат, затоа што, за да се направат истите, ним им треба капацитет, а капацитетот недостасува“, изјави Ахмети.

Ахмети потенцираше дека македонските политички партии грешат кога трчаат да ги добијат гласовите од Албанците. Тој изјави дека во Македонија се уште не е создаден амбиент за основање или за промоција на концептот „граѓанска партија“, затоа што според него Албанци се уште не се на рамноправно ниво со Македонците.

Лидерот на ДУИ на жителите на Хасанбег им вети дека многу брзо ќе заврши процесот на оштетување за штетите настанати од поплавите од пред неколку месеци.