ДУИ нека каже дали е ова договорено сценарио или не

0
432

Ние не ја коментираме одлуката на ДУИ, треба нив да ги прашате за се што е поврзано со таа одлука, вели Иво Котевски, директор на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.

„ Ако имаме потреба да се произнесеме во врска со одлуката во текот на денот ќе се произнесеме “ вели Котевски.

Тој не дава одговор ниту на прашањето дали е точна една од тезите што се појави во јавноста, дека ова е договорено сценарио на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ.

„ ДУИ нека одговорат на тоа прашање, па ние потоа ќе кажеме “ вели Котевски, пишува Плус инфо.