ДУИ нема да ги гласа измените на ЗКП

0
386

Демократската унија за интерграција нема да гласа за измените на Законот за кривична постапка ако не се постигне политички конзенсуз меѓу најголемите политички партии, најави потпретседателот на Собранието Рафиз Алити.

Тој потенцира дека идејата била  да има консензус со опозицијата, но бидејќи тоа не се случило,  партиски став на ДУИ е дека не е добро ваков закон да се носи без консензус и ДУИ нема да гласа.
Претходно и од ДПА и од СДСМ најавија дека нема да гласаат за измените на Законот за кривична постапка кои беа предложени по скратена постапка, рокот за одбрана на поднесување докази да се зголеми од 15 на 90 дена.
Ова значи дека пред поднесување обвинителен предлог, Јавниот обвинител задолжително да го извести осомничениот за преземените истражни дејства и за прибраните докази, по што одбраната, наместо 15 ќе има 90 дена да преземе дејства.