ДУИ преноќи кај крстот

0
493

Мирно и без провокации и инциденти поминала ноќта во кампот на ДУИ што беше поставен во населбата Бутел на местото каде треба за два месеци да биде поставен крст висок 50-тина метар. Како и што најавија вчера, така и денеска, ДУИ остануваат во кампот додека општината Бутел не ја повлече одлуката за поставување на крстот.

– Во кампот остануваат околу 150 луѓе и ќе бидат таму се додека не се промени одлуката за поставување на крстот. Денеска претставки за одлуката доставивме до неколку институции и очекуваме нивна реакција, велат демонстрантите.