ДУИ со иницијатива до Велјановски да се повлече одлуката за распуштање на Парламентот

0
497

Потпретседателот на Собранието, Рафиз Халити, од редовите на ДУИ, најави пред малку за Алсат-М дека денеска до спикерот Трајко Велјановски ќе поднесе иницијатива за на дневен ред на пленарна седница да се стави предлог за повлекување на одлуката за распуштање на Собранието што треба да стапи во сила ноќеска по полноќ.

Алити за Алсат-М изјави дека веќе почнал консултации со координаторите на пратеничките групи, освен со ВМРО-ДПМНЕ и оти наскоро ќе собере 20 потребни потписи за иницијативата.

Од СДСМ најавиле дека ќе гласаат „за“, но оти нивни пратеници нема да се потпишат на иницијативата која ќе му биде доставена на Велјановски.

Според Алити, сите парламентарни партии треба да гласаат за поништување на одлуката за распуштање на Собранието. Законодавниот дом да продолжи да функционира додека не се создадат услови за слободни и демократски избори на кои би се создале рамноправни шанси за сите партии и граѓани да учествуваат на изборите.