Дунавка Трифуновска за позитивните и негативните страни на манекенството

0
864

Темпераментната и харизматична манекенка Дунавка Труфуновска чија примарна професија е фармацијата, многумина ја познаваат и поврзуваат со бројни модни ангажмани како во Македонија така и надвор.

Дунавка се закити со низа модни признанија, беше меѓу првите професионални манекенки што зачекорија на домашната модна недела, а често ја гледавме на скопските и белградските модни писти во креации што најчесто се „шлагот“на колекциите.

Помеѓу модните признанија се вбројува и последното титулата Мис гранд интернешнл, со која ја претставуваше Македонија на светскиот избор во Банког.

Како заштитно лице се појавува во колекциите на битолскиот дизајнер Никола Петровски .Повеќе од видеото во продолжение.