Дунга сменет по бразилскиот неуспех на Копа Америка

0
420

Фудбалската федерација на Бразил соопшти дека Карлос Дунга повеќе не е селектор на националниот тим.

Бразил од Копа Америка е елиминиран по првата фаза, откако одигра нерешено со Еквадор, го победи Хаити и загуби од Перу.

Дунга по кусиот разговор со челницитена националниот сојуз, заедно со помошниците добил отказ.

Карлос Дунга, кој како капитен го предводеше Бразил до титулата светски првак во 1994 година, на селекторската функција застана во 2014 година, кога по Мундијалот го наследи Луис Фелипе Сколари.