Дури и седмопласираната селекција од Евробаскетот може да го сонува Рио!

0
173

На кошаркарскиот турнир на Олимписки игри 2016 ќе настапат 18 селекции, наместо досегашната пракса од 12, што значи дека Европа ќе има пет, наместо досегашните четири претставници. Тоа значи дека и седмопласираната репрезентација од Европското првенство кое започнува на 5 септември ќе добие шанса да настапи на предолимпискиот турнир. Истото важи и за четвртопласираните репрезентации од шампионатите на Азија и Африка. Преостанатите три места ќе бидат пополнети по принципот „вајлд-карта“ која ФИБА ќе им ја врачи на државите кои нема да успеаат да се пласираат, а имаат одреден квалитет и углед во кошаркарската јавност.