Два лица загинаа при пад на мал авион близу Њујорк

0
156

Две лица загинаа синоќа кога мал авион од типот „Лирџет 35“ се урна при слетувањето на еден аеродром во близината на Њујорк.

Како што соопшти локалната полиција, авионот се урнал на околу 500 метри пред пистата на аеродромот Тетерборо, паѓајќи врз складиште и индустриски комплекс. По уривањето на авионот на местото на несреќата избувнал пожар.

Според полицијата, двете загинати лица се наоѓале во леталото, а при инцидентот нема жртви во објектите врз кои се урнал авионот.

Несреќата се случила околу 15:30 часот по локално време (21:30 по средноевропско време). Според властите, авионот полетал од Филаделфија.

Причините за падот на „Лирџетот“ засега не се познати.

Аеродормот Тетеборо се корисити од страна на мали приватни и спортски авиони.