Два нови случаи во Битола

0
697

Денеска се одбележува Светскиот ден за борба против ХИВ/СИДА, болест со која според податоците на Агенцијата на ОН, во 2014-та година, се регистрирани 36,7 милиони луѓе во светот, кои претежно живеат во Африка.

Според ИзвештајотUNAIDS, од 2000 до 2014 година, заразната болест се проширила на 30 проценти во регионот на источна Европа и централна Азија, додека за 26 проценти на Блискиот исток и северниот дел на Африка.

Стапката на смртност поврзана со СИДА- та лани се намалила за 42 проценти, во споредба со 2004-та, кога е забележан и најголем број смртни случаи.

„За потсетување во Македонија првиот ХИВ позитивен случај беше регистриран 1987, две години подоцна е регистрирано првото лице заболено од СИДА, а во 1989 година почина првото лице од оваа болест. Годинава, до 25 ноември во Институтот за Јавно здравје се регистрирани 19 случаи на ХИВ /СИДА. Четри од нив имаат СИДА останатите се ХИВ позитивни, а годинава само едно лице починало од СИДА . Од 19 ново евидентирани има само една жена ,а дури 15 од нив се на возраст меѓу 20 и 39 години. Најмногу нови случаи – 8 се од Скопје, 3 лица се од Тетово, по две лица се од Битола и Кавадарци и по едно ново регистрирано лице живее во Куманово, Гевгелија, Берово и Дебар. Неуморната статистика покажува дека во Скопје со ХИВ /СИДА живеат дури 117 , во Тетово 26, Куманово 15, Прилеп 10, Охрид 9 и во Кичево 8 лица“, вели д-р Јованка Стурлакова – Коровешоска од регионалниот Центар за јавно здравје во Охрид. Таа признава дека скриената бројка насекаде низ Македонија е далеку поголема и апелира населението да го отфрли срамот и стравот и да го провери својот ХИВ статус.

Без коментари

LEAVE A REPLY