Два нови видео записи на битолчаните Паркети

0
134
Битолската група Паркети за своите обожаватели периодов снимија 2 нови видео записи.
Станува збор за песните Дај ми љубов и Блонди,кои се дел од албумот кој битолчаните го издадоа на почетокот на оваа година.

Иако по издавањето на албумот „Република Франкенштајн“ битолската група „Паркети“ најави дека тоа е нејзино збогување со македонската музичка сцена, за среќа на своите обожаватели, се премисли, па го промовираа новиот материјал од албумот едноставно наречен„Паркети“.

parketi2.jpg
Заедно со песните на почетокот на 2015, го промовираат и амблемот, односно грбот на бендот, на што како што сами истакнаа се особено горди. Всушност тоа е нивни подарок до сите што ги следат и ја сакаат нивната музика.

На албумот покрај Блонди и Дај ми љубов се и Lover boy, Попај, Клара пуши трева,  Умрени луѓе, Електрична фризура,, Without you и демо-снимката од 2005-та – „Sweet vegetarian“.