Два родендени на Центарот за култура во октомври

0
270

Октомври е месецот на два значајни родендени на Центарот за култура. На 10 – ти октомври се навршуваат 36 години од почетокот на работа на оваа институција, а на 24- ти 3 години од постоењето на 3Д киното.
Роденденот на Центарот за култура ќе се одбележи со спектакуларен концерт на камерниот орекстар на Битола со наслов Џејмс Бонд симфонија.
Публиката ќе ужива со безвременските теми од филмовите за тајниот агент Џејмс Бонд, во придружба со оркестар, хор и солистите.
Концертот Џејмс Бонд симфонија, е закажан за 10-ти октомври, во Центарот за култура – Битола, со почеток од 20.00 часот, а влезниците се веќе пуштени во продажба.