Два случаи на лајшманиоза во Битола

0
2222

Нема место за паника за лајшманиоза, болест која се јавува кај кучињата а ја пренесува песочниот комарец. Во Битола биле регистрирани само два случаи на оваа болест кај кучиња и еден случај во Прилеп. Болеста не се пренесува од човек на човек, тука од куче на човек и ја имаме со години, бидејќи сме ендемско подрачје. Кај заболените кучиња предизвикува отворени рани

-Лајшманиозата е паризитарна болест која паразитира кај кучињата, но се пренесува и кај човекот. Има два патишта на пренос помеѓу човекот и животното, и тоа директно и индиректно. Поглавен е индиректниот начин бидејќи главен причинител на оваа болест претствауват песочните комарцу. Со промена на климатските промени се населуваат и на нашето поднебје. Не е толку алармантна состојбата  како што се пренесе, бидејќи лајшманијата не е од сега , присутна е повеќе години и моментално во Битола има само два до три случаи кој се под терапија и контрола, изјави Владимир Стојаноски доктор по ветеринарна медицина

Лајшманиозата предизвикува висок степен на смртност од 15 до 20 проценти.Но ако се открие навреме и и ако се зема соодветаната терапија таа се лечи, како кај луѓето така и кај кучињата

-Кај кучињата има две методи на лечење едната е држење под контрола на болеста а другата е трајно излекување на пациентот, но сепак доколку болеста се држи под контрола сме 100%сигурни дека нема да ја шириме понатаму. Оваа болест е смртоносна но не е толку голема опасноста бидејќи се лечи како кај животните така и кај луѓето, изјави Владимир Стојаноски доктор по ветеринарна медицина

Но што е со кучињата скитници, како да се заштитиме од нив доколку ја имаат лајшманиозата?

Статистиката вели дека кај луѓето годишно има по десетина случаи и лекувањето е успешно доколку навреме побараат лекарска помош. Од 72 случаи регистрирани во периодот од 2010 до 2016, само двајца починале. Најпогодени се жителите на Скопје, Прилеп, Штип и Велес.