Два терористички напади во Лондон

0
985

Лондонската полиција потврди дека има повеќе од еден загинат во инцидентот на Лондон бриџ и дека интервенирала на уште две места во близина на централен Лондон, но едниот не е поврзан со претходнитенапади. Премиерката Тереза Меј рече дека двата напади, на Лондон бриџ и Боро маркет, се третираат како потенцијални акти на тероризам.

На Лондон бриџ околу 22.15 часот, комбе удри во пешаци и потоа три лица излегле од возилото и почнале да напаѓаат граѓани. Вториот инцидент е кусо време потоа, кај Боро маркет каде имало напаѓачи со ножеви, при што интервенирала полиција и имало истрели.  Според очевидец, еден од напаѓачите имал долг нож и избодел постар човек и помлада девојка.

За третиот инцидент во Воксхол полицијата рече дека станува збор за напад со нож, но дека не е терористички чин и не е поврзан со оние во Лондон бриџ и Боро маркет.

Засега никој не ја презеде одговорноста за нападите, но симпатизерите на Исламска држава ги поздравија на социјалните мрежи.