Два терористички напади во Нигерија

0
189

Очевидци тврдат дека две бомби експлодирале во џамија полна со луѓе и елитен муслимански ресторан во градот Џос во центарот на Нигерија. Најмалку 15 лица се убиени, објавија американските медиуми.

Засега нема официјално соопштение од властите за инцидентите.
Сведоци кои побарале да останат анонимни поради страв од репресија, велат дека експлозијата во џамијата се случила додека водечко духовно лице проповедал за мирен соживот пред мноштво луѓе за време на светиот месец Рамазан. Сведоците не се сигурни колку лица починале.

Без коментари

LEAVE A REPLY