Два трупа во фаза на распаѓање пронајдени во Прилеп

0
780

На 25.02.2016 година околу 16.00 часот во Прилеп на ул.„Трајко Николовски“, кај гаражите на ЈКП„Комуналец“, покрај брегот на реката бил пронајден машки леш во фаза на распаѓање. Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и екипа од ПС-Прилеп. По наредба на ЈО, над лешот ќе биде  извршена обдукција. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

На 25.02.2016 година околу 17.00 часот во Прилеп во куќа на ул. „Александар Македонски“ била пронајдена почината Л.Ј. (64) од Прилеп. По пријава на Е.Т.Ш. дека повеќе денови не може да стапи во контакт со нејзината тетка, полициски службеници со асистенција на екипа од ТППЕ-Прилеп, насилно ја овориле влезната врата од куќата и внатре ја пронашле починатата Л.Ј. Екипа на Итна медицинска помош констатирала смрт  која настапила пред десетина дена. По наредба на ЈО над телото на починатата ќе се врши обдукција. Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.

Без коментари

LEAVE A REPLY