Двајца битолчани меѓу младинците кои го изборија ЕП во Данска

0
1669

Машката јуниорска репрезентација на Македонија обезбеди пласман на Европското првенство за ракометари до 20 години кое летово ќе се одржи во Данска. Битолчаните Стефан Трпчевски и Филип Кузмановски, како и ракометарите на Пелистер Даниловски и Маркудов беа дел од големиот успех.

Македонските јуниори ја совладаа селекцијата на Црна Гора со 36-24, полувреме 18-11, во последниот меч од квалификациската група 1, чии натпревари се играат во швајцарскиот град Шафхаузен.

До овој значаен триумф црвено-жолтите ги предводеше Филип Кузмановски кој синоќа им се приклучи на врсниците, а претходно беше во Гдањск со сениорите. Кузмановски средбата ја заврши со 10 постигнати гола од 12 упатени удари, додека Томислав Јагугиновски постигна 7, а Горан Крстевски беше стрелец на 5 гола за црвено-жолтите.

Покрај Македонија пласман на ЕП во Данска што ќе се игра до 7 август годинава, од оваа група обезбеди и домашната селекција на Швајцарија кој попладнево ќе го одигра мечот против Фарските Острови.