Двајца битолчани на списокот на Обрван: Дебитира Кузмановски

0
504

Репрезентацијата на Македонија во рамките на ЕХФ неделата ќе настапи на турнир во хрватскиот град Умаг, како дел од подготовките за настап на европското првенство во Полска. Турнирот ќе се игра во периодот од 6 до 8 ноември, на кој покрај Македонија и домаќинот Хрватска, ќе настапи и Црна Гора. Според предвидениот распоред, нашата селекција своите средби ќе ги игра во петок и во сабота. Обрван го објави списокот од 18 ракометари на кои смета за ЕХФ неделата:

Борко Ристовски

Никола Митревски

Дејан Манасков

Гоце Ојлески

Гоце Георгиевски

Никола Костески

Стојанче Стоилов

Жарко Пешевски

Никола Маркоски

Кирил Лазаров (капитен)

Влатко Митков

Филип Миркуловски

Немања Прибак

Ацо Јоноски

Филип Лазаров

Филип Талевски

Филип Кузмановски

Милорад Куковски

 

Македонија веќе има закажано уште два пријателски натпревари против Словенија во Кршко на 4 јануари и во Целје на 5 јануари.