Двајца битолчани со награди на 52-от МТФ.Војдан Чернодрински

0
1398

Со доделувањето на наградите и со изведбата на мјузиклот „Тајно моја“, заврши годинашниот 52. МТФ „Војдан Чернодрински“, кој понуди пресек на претстави од македонските театри.

Оваа година во конкуренција беа 12 претстави.
За најдобра режија е награден режисерот Љупчо Ѓорѓиевски за претставата “Лазаревото Писмо”, како дел од сцената на Штипскиот театар.
Љупчо Ѓорѓиевски според жирито, направи и најдобра современа сценска драматизација на истоимениот расказ на Живко Чинго.
Оваа претстава е петта по ред на Ѓоргиевски во штипскиот театар. Во Лазаревото писмо играат дванаесет актери, од кои четворица се гости мегу кои-Владимир Тулиев, Милорад Ангелов, Пеце Ристевски, Виктор Арев, Ефтим Трајчов Гаурски, Ангелка Нашкова, Марија Минчева, Елена Шорова, Надица Петрова, Марија Димитрова, Никола Стефанов, Никола Кузелов, Нела Ангелова, Емилија Ристевска.
Наградата за најдобра музика му се додели на Марјан Неќак за музиката во оваа претстава.

Костимите се на Андреј Ѓоргиевски, а сценографијата на Благој Мицевски.
На 51- то издание претставата во режија на Ѓорѓиевски, Кралски игри беше наградена со 4 награди.

По поделувањето на наградите на најдобрите актери, режисер, сценограф, костимограф, претстава, фестивалската завеса се спушти со мјузиклот „Тајно моја“ посветен на музичката легенда Тоше Проески.

Без коментари