Двајца Македонци отпатуваа на Младинските Олимписки игри

0
384

Норвешки Лилехамер од 12. до 21.февруари ќе биде домаќин на вторите Зимски младински олимписки игри, на кои ќе учествуваат спортисти од 71 држава. На зимската младинска Олимпијада, Македонија ќе ја преставуваат Ставре Јада и Лука Божиновски, односно нивните тренери Ѓоко Динески и Роберт Божиновски.

На вторите младински ЗОИ, Ставре Јада ќе се натпреварува во крос кантри, во дисциплините спринт и класично, додека Лука Божиновски ќе настапи во сите дисциплини во алпско скијање.

Македонското знаме на церемонијата на отворање на игрите ќе го носи Ставре Јада, а Лука Божиновски ќе го носи на церемонијата на затворање на игрите.

На МОИ Лилехамер 2016 ќе се организираат работилници, каде ќе учествуваат младите олимпијци заедно со олимписките и спортските легенди меѓу кои ќе биде и светскиот и олимписки шампион Линдзи Вон.