Двајца Македонци загинаа во сообраќајка во Србија

0
299

Двајца Македонци загинале во сообраќајна несреќа во Србија, на меѓународниот пат Ниш- Димитровград, во близина на Пирот. Официјално, според српската полиција, загинале двајца државјани на Бугарија, а повредени биле четворица турски државјани меѓу кои и шестгодишно дете, пишува порталот Репортер.

До несреќата дошло кога автомобилот „ауди“, во кој се наоѓале двајцата кои загинале, претекнувале трактор со приколка, налетале на автомобил „Фолксваген“ од спротивната страна.

Возачот и совозачот во аудито загинале веднаш. Тројца патници од другото возило, турски државјани, полесно се повредени, додека совозачот е со тешки повреди.