Двајца мртви и еден застрелан во Турку

0
272

Двајца се убиени и најмалку шест повредени во нападот со нож во Финска, информираат од полицијата.

Полицијата објави дека го застрелала човекот кој нападнал неколку луѓе во југозападниот град Турку.

– Тој е приведен, откако му беше пукано во нога – информира полицијата.

Директорот на болницата во Турку им кажал на новинарите дека се примени најмалку осум луѓе кои се повредени, а еден починал.

На прес конференција која се одржа подоцна, полицијата потврди информација дека има и втора смрт.

Турку е на југозападен дел на Финска и лежи околу 140 километри западно од главниот град Хелсинки. Тоа е град во кој се зборува на шведски.

http://novatv.mk

Без коментари