Двајца напаѓачи од Клинички центар изведени пред суд, третиот е ослободен

0
477

Двајца од тројцата приведени од полицијата, осомничени за вчерашниот инцидент на Kлиниката за дигестивна хирургија, изутринава беа изведени на распит пред судија на претходна постапка во скопскиот кривичен суд.

Полицијата им поднесе пет кривични пријави. Првоосомничениот се товари за две крични дела – за убиство во обид и нелегално поседување оружје.. Второпријавениот, кој воедно е  негов брат, се товари за соучесништво, напад врз службено лице и предивзикување општа опасност. Третиот учесник во инцидентот, неофицијално е ослободен од обвинение.