Двајца полицајци и седум терористи убиени во престрелка со IS

0
1358

Двајца полицајци и седум припадници на екстремната исламистичка организација Исламска држава (IS) се убиени во престрелка во понеделникот утрото во центарот на Дијарбекир, мнозински курдски центар на југоистокот од Турција, соопштија безбедносните служби.
Полицијата влегла во неколку куќи во едена населба во Дијарбекир во која се забарикадирале џихадистите кои отвориле оган врз припадниците на безбедносните сили, на што било возвратено.

Тимови на специјалната полиција ја започнале операцијата во 4 часот утрото во понеделникот

Притоа, уште шест полицајци биле ранети. Двајца од нив кои биле префрлени во блиската болница набрзо им подлегнале на повредите. Во меѓувреме во престрелката биле ликвидирани седум џихадстити.

Вицепремиерот Нуман Куртумлуш за новинарите во Истанбул изјави дека во истата операција се уапсени тројца од вкупно 12-те припадници на Исламската држава. Додаде дека операцијата била насочена против ќелија на екстремната сунитска група која дејствувала во населбата Хузуревлер во округот Кајапинар.

Турските власти ги засилија акциите против Исламската држава, која ја сомничат дека стои зад двојниот самоубиствен бомбашки напад во кој на 10-ти октомври во главниот град Анкара беа убиени 102 луѓе, главно активисти на левите и прокурдски политички сили, пред започнување на протесниот марш против турско-курдскиот судир во југоисточниот дел на земјата./крај/мф/сн