Двајца повредени во невремето во Гостивар

0
373

При пад на дрво двајца мажи се повредени во Гостивар, а неколку објекти се оштетени по невремето што го зафати синоќа овој град. Од општината велат дека повредените се згрижени во Ургентно одделение. При невремето биле оштетени и десетина возила откако се скршил излог на продавница, и паднале ќерамиди од покриви.Тетовскиот сектор за внатрешни работи информира дека поради невремето се забележани и оштетени објекти во неколку села во тетовскиот регион, а во мавровскиот регион поради силниот ветер има  проблеми со снабдувањето со електрична енергија.