Двајца пратеници ќе даде дијаспората

0
372

Рамазан Мифтароски од ВМРО-ДПМНЕ може да влезе во Собрание како пратеник од дијаспората, а за ДУИ трча Џевдет Спахиу, додека СДСМ излезе со нивниот претседател на партиската организација од Локарно, Швајцарија.

Мифтароски е нашинец од Венеција, Италија, а покрај него на листата на ВМРО-ДПМНЕ од дијаспората се и Зоран Стојановски и Славица Галевска-Милчиноска.

ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и ДУИ ги интензивираа контактите со иселениците пред почетокот на изборната кампања, а може да се надеваат на двајца пратеници од дијаспората и покрај високиот праг за избор од околу 6.500 гласови за едно место.

Имено, според податоците од ДИК, од дијаспората се пријавиле околу 18.700 потенцијални гласачи, што значи дека иселениците најмногу да се надеваат на двајца пратеници, додека за третиот малку е веројатно дека ќе ги собере потребните гласачи.

Надеж сепак даваат оние 1.970 пријави кои требаше да бидат одобрени до вчера на полноќ. ДУИ традиционално своите гласачи ќе ги бара во Европа, додека, пак, ВМРО-ДПМНЕ покрај во европските земји, има поддржувачи и во Австралија.

За разлика од минатите изборни циклуси кога најголем дел од пријавените беа од Австралија за овие избори најмногу пријавени има од Европа./крај/мф

Без коментари

LEAVE A REPLY