Двајца приведени за убиството во Куманово

0
177

Две лица, осомничени за убиството што се случи во четвртокот попладне околу 15.30 часот, се приведени во кумановската полиција.

Во полицијата повикани биле и повеќе други лица на информативен разговор.

Според неофицијални информации, меѓу приведените е и В.Д. претседателот на разгранокот на ДУИ во Куманово, Бајрам Лимани, кој е осомничен за пукањето. Тој во четвртокот вечерта се јави во телевизијата Алсат – М и рече дека убиството се случило во самоодбрана.

Според официјалните информации од полицијата , инцидентот се случил во кафулето „Шпија јон“, во кумановската населба Бедиње.

Две групи почнале да се расправаат, а потоа и да се тепаат. Во еден момент било пукано со огнено оружје, при што на лице место загина Џемаил Реџепи, викан командант Шипоња, кандидат за претседател на огранок на ДУИ во Куманово.

Во инцидентот со тешки повреди се здоби Шефки Реџепи, брат на Реџеп Реџепи кај кого беше најдено дел од одземеното оружје од караулата Гошинце.

Трет повреден е Гани Демири кој заедно со Реџепи е префрлен во Ургентниот центар во Скопје.

Полицијата работи на расветлување на убиството и откривање на причините за пукањето. Владејачката ДУИ ги повика институциите да го расветлат инцидентот што побрзо./крај/ффс