Двајца терористи се разнесоа во Анкара за време на полициската операција

0
285

Двајца бомбаши самоубијци се разнесоа крај турската престолнина Анкара при полициска операција, пренесоа светските агенции, повикувајќи се на турски медиуми.

Терористите планирале напад со автомобил-бомба и се саморазнеле, кога полицијата ги повикала да се предадат.

Според првичните информации еден од бомбашите била жена. Се верува дека третиот осомничен е во бегство.

На лице место имало 200 килограми материјал за експлозив.