Двајца тинејџери прободени со нож во воз во Австрија

0
311

Вооружен маж денеска со нож рани двајца патници во воз во западната австриска провинција Форарлберг, во близина на станицата „Зулц“, пренесе ТАСС, повикувајќи се на полициски извори.

Напаѓачот е задржан во полиција. Се работи за 60-годишен Германец, се наведува во соопштението.

Жртвите се двајца тинејџери, од 17 и 19 години, кои поради сериозните повреди се задржани во болница. Едниот од нив е ранет во стомакот и грбот, а другиот кај грлото.

Германецот за кого се претпоставува дека има психичко разстројство, бил совладан од страна на други патници.

Провинцијата Форарлберг се наоѓа на крајниот запад на Австрија и граничи со Швајцарија.

Австриската полиција исклучува каква и да било поврзаност помеѓу денешниот напад и оној во швајцарскиот воз во саботата. Тогаш маж вооружен со нож и запалива течност се нафрли врз сопатниците, при што уби една жена и рани шестмина луѓе. Напаѓачот потоа почина во болница.