Двајца уапсени во Германија за подготвување насилство

0
384

Двајца мажи, за кои постојат сомневања дека се поврзани со терористичката џихадистичка организација Исламска држава и дека подготвувале „тежок насилен чин“, се приведени во четвртокот во Германија, соопштија од полицијата и државното обвинителство, коешто сепак наведува дека нема „конкретни закани за населението“.

Станува збор за 46-годишен Ирачанец и 29-годишен Нигериец кои одржувале врски „со лица од списоците на организацијата Исламска држава“. „Ќе настојуваме да ги провериме до петокот, а потоа ќе бидат изведени пред судија и ќе ги ставиме во притвор или ќе ги пуштиме“, изјавил за AFP Томас Штејнкраус-Кох, портпарол на државното обвинителство во Минхен.

„Според сé судејќи, нема конкретна закана за населението“, се наведува пак во соопштението на полицијата на Баварија. Се додава дека двајцата осомничени биле приведени во четвртокот доцна попладнето во споменатата германска јужна покраина.

Дневниот весник Sueddeutsche Zeitung на својата интернет страница објави дека едниот осомничен е уапсен во Минхен, а другиот во Фуршенфелдбрук, во близина на баварската престолнина.

„Овие двајца се идентификувани како можни осомничени кои можат да сторат тежок насилен акт“, се истакнува во полициското соопштение. Имајќи предвид дека првичната истрага не овозможила „конкретното сомневање да се потврди или да се отфрли, иследниците одлучиле веднаш да ги приведат двете лица за да се отстрани секоја опасност“, се додава.

При претресот засега не е пронајден „никакво сомнителен предмет““, додава портпаролот на баварската полиција.,/крај/мф/сн

Без коментари

LEAVE A REPLY