Двајца убиени во масовна тепачка на гробишта во Москва

0
528

Московската полиција соопшти дека во инцидентот на гробишта учествувале околу 400 луѓе. Во тек е акција за апсење, а досега се приведени 50 луѓе.

Според руски медиуми, најголем број учесници во тепачката биле мигранти вооружени со палки и метални шипки.

Тасс јавува дека судирот избил во близина на централниот влез на гробиштата Хованско и оти полицијата не можела да користи оружје. Шефот на московската полиција кој дојде на местото на инцидентот изјави дека „полицијата прави се за да се пронајдат сите учесници во инцидентот“.