Двајца загинаа во тешка сообраќајка на патот Струмица – Радовиш

0
507

На 27.02.2016 година околу 06,10 часот на магистралниот пат Струмица-Радовиш помеѓу с.Владевци и с.Радичево, случена е сообраќајна незгода помеѓу ПМВ„Венто“ со штипски регистерски ознаки управувано од Т.Г.(46) и ТМВ„Мерцедес“ со велешки регистерски ознаки управувано од М.М.(33). Од здобиените повреди на самото место починале Александар А.(25) од с.Карбинци-штипско сопатник во ПМВ„Венто“ и Павлина Г.(72) од с.Раброво сопатник во ТМВ„Мерцедес“. Со тешки телесни повреди се здобил возачот на ПМВ„Венто“ и истиот со возило на брза помош бил пренесен во МЦ-Струмица за укажување на лекарска помош. Извршен е увид и се работи на целосно расчистување на случајот.