Двajца загинати и 11 исчезнати во експлозија во колумбиски рудник

0
371

Две лица загинаа и 11 се водат за исчезнати по експлозија во рудник за јаглен во Колумбија, соопштија локалните власти. Во инцидентот повреден е еден човек.

Инцидентот се случил во централниот департментот Кундинамарка, на околу 90 километри од главниот град Богота.

Според властите, експлозијата е предизвикана од запаллив гас, а рудникот е нелегален.

Вкупно 23 лица загинаа, а 33 беа повредени во 28 несреќи во рудници во Колумбија од почетокот на годината. Во 2016 година во земјата имаше 114 вакви инциденти, во кои загинаа 124 лица.