Двајца загинати и над 100 ранети во експлозиите на митингот на курдската партија во Турција

0
166

Две лица загинаа во двете експлозии од непознато потекло кои одекнаа на предизборен митинг на Народната демократската партија (HDP) во градот Дијарбекир на курдскиот југоисток на Труција.

Повеќе од сто луѓе се ранети во тие експлозии, изјави турскиот министер за замјоделие Меди Едер за агенцијата Anadolu.

Експлозиите се случија во близина на трафостаница на градскиот плоштад во Дијарнекир, но министерот за енергетика Танер Јилдиз и во саботата ја потфрли претпоставката за неисправноста на електротрансформаторот. „Нашата проверка јасно покажа дека изворот на експлозијата не бил трансформаторот“, дециден е Јилдиз.

По експлозиите приврзаниците на HDP протестираа и дојде до помали судири со полицијата, која ги растеруваше демонстрантите со водени топови и солзавец.

Претседателот на главната курдска партија во Турција, Селахатин Демирташ, ги повика своите приврзаници да останат смирени и да ги чекаат изборите во недела. „Доколку го одржиме мирот, ќе победиме. Нема да им подлегнеме на овие провокации“, рече Демитраш.

Партијата HDP се бори да го мине изборниот праг од 10 отсто за да може да има свои претставници во турскиот парламент. Доколку тоа го постигне, тоа би ја оневозможило владејачката AKP да има апсолутно или двотретинско мнозинство. Со тоа партијата на Ердоган нема да може да прави уставни промени и промени на парламентарниот систем на Турција во претседателски, со кој претседателот Ердоган би ја добил и извршната власт.