Двајца загинати во џихадистички напад во Мали

0
314

Две лица загинаа синоќа при џихадистички напад во туристичката населба Кангаба, во близина на главниот град на Мали, Бамако.

„Малиските командоси ги ослободија дванаесетмината заложници што беа задржани од страна на џихадистите, а четворица напаѓачи се убиени од силите за безбедност на Мали“ наведе министерот за безбедност Салиф Траоре.

Пронајдени се две тела на напаѓачите, а војниците трагаат по телата на уште двајца, нагласи Траоре, но не наведе дали има напаѓачи кои успеале да побегнат.