Двајцата битолчани починале од предозираност

0
518

Предозираност е причина за настапувањето на смртта кај двајцата битолчани пронајдени во мотелска соба пред два дена во фаза на распаѓање, покажа извештајот од обдукцијата.

Сања Стаматова вели дека извештајот од Судска медицина потврдил дека смртта настапила како резултат на интоксикација со наркотични средства.

И двајцата биле регистрирани наркозависници, а бурниот живот младите сопружници заедно ги однесе во смрт. Биле 12 години во брак, имаат 4 деца, но извесно време не живееле заедно. На 24 октомври девојката отишла на свадба во соседството и повеќе не се вратила во домот на родителите каде живеела од неодмна.

И реков нема да одиш никаде. Излезе од дома во 4 и пол часот, отиде на свадба и не ми се врати дома. Чекав да се врати еден ден, а вториот ден пријавив во полиција, рече Ѓулсад Османовска, мајка на починатата.

Девојката се лекувала од зависност, а децата останале со таткото. Тој пак, се лекувал во психијатриската болница во Демир Хисар, по што и на двајцата им било одземено родителското право. Трите деца на возраст од 5 до 11 години биле згрижени во домот 11 Октомври во Скопје, а за најмалото, 2,5 годишно девојче, старателството го добила мајката на починатата. Младите сопружници не биле разведени, но не се гледале. Таа во неа немала лични документи, тврди мајката, покажувајќи ја патната исправа, личната карта и здравсвената легитимација.

Без коментари

LEAVE A REPLY