Двајцата руски пилоти сè уште се живи, работиме да ги спасиме

0
587

И покрај претходните информации дека двајцата пилоти на рускиот борбен авион што беше соборен од Турција се убиени, турски функционер за Ројтерс рекол дека имаат информации дека тие се живи.

Турција верува дека двајцата пилоти се живи и работи на нивно ослободување од сириските бунтовници, рекол функционерот за Ројтерс.

 „Нашите единици, кои ја добија информацијата дека двајцата пилоти се живи, работат на тоа безбедно да ги извлечат од опозициските бунтовници“, рекол тој.