Две Бугарки гатале и краделе пари и накит

0
253

СВР Скопје поднесе кривична пријава против две лица, државјанки од Бугарија поради основано сомневање дека сториле осум кривични дела од кои четири кражби, една тешка кражба и три измами.

Од страна на судија на двете лица им е одредена мерка притвор. Станува збор за Е.А.Ж. (37) и И.А.Ж. (20).

Двете во периодот од јуни до 20 август годинава на подрачјата на Бит пазар и Кисела Вода, Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров извршиле осум кривични дела, при што се стекнале со протиправна имотна корист во висина од 1.086.000 денари.

Една од кражбите ја извршиле на 27 јули, а другата на 17 август во продавници за чевли. Кражбите ги извршиле така што едната со телото ја покривала другата која во едниот случај го укала паричникот од ташната на едно од муштериите кои биле во продавницата, а во вториот случај украл ташна од муштерија.

Останатите две кражби ги извршиле на 3 и на 13 јули во Аеродром и Карпош. Првата кражба ја извршиле така што ја сретнале оштената пред зградата во која живее и и рекле дека и имаат направено магии и дека треба да и се гледа за да се тргнат магиите. Додека и гатале, едната од нив и украла 750 евра, 5.000 денари и златни предмети. Десет дена подоцна на идентичен начин пречекале и друга оштетена пред маркет и се понудиле да и ги пренесат работите до станот каде што живеела. Откако влегле во станот едната и се понудила да и гледа, за што и побарала пари. Додека едната и гледала, другата ја искористила ситуацијата и и го украла паричникот во кој имало 10.000 евра и 10.000 денари по што го напуштиле станот, стекнувајќи се со противправна имотна корист од околу 630.000 денари.

Тешката кражба ја извршиле на 10-ти овој месец на тој начин што откако успеале да ја убедат оштетената за да влезат во станот под изговор да се договорат за чистење на станот, И.А.Ж. украла еден женски златен прстен со циркони и заминала од станот.

Измамата ја извршиле на 26-ти јуни на подрачјето на општина Ѓорче Петров при што И.А.Ж. отишла во куќата на оштетената и се понудила да и гата, при што и побарала да ги даде обетките и прстенот под изговор дека ќе ги носи во црква за да се фати баењето, а потоа ќе и ги врати.

Втората измама ја извршиле на 11-ти овој месец на подрачјето на општина Аеродром кога двете отишле во стан на скопјанка и ја убедиле дека и е направена магија и побарале да го извади целото злато што го има за да и гаатат. Откако и гатале златото го понеле со себе, по што оштетената сфатила дека била измамена.

Третото кривичното дело „измама“, го извршиле на 20-ти овој месец кога на скопјанец му рекле дека е направена некаква магија во куќата на неговиот син кој бил во странство и ги побарале сите пари и злато а да ја растурат магијата. Откако им ги дале парите и златото, Е.А.Ж. ги завиткала во крпа и маица, ги однела во тоалетот и им рекла околу пет дена да не се отвара крпата, по што излегла од тоалетот и си заминале.

Од страна на единицата „Алфи“ при СВР Скопје, тие се лоцирани и приведени во полициска станица, а со наредби од ОЈО – Скопје обезбедени се видео записи од продавниците на кои се гледало како пријавените ги вршат кривичните дела. Исто така со наредба од Основен Суд Скопје извршен е и претрес на дом и други простории во стан каде привремено биле сместени и каде се пронајдени и одземени предмети кои потекнуваат од извршени кривични дела.