Две деца загинаа и голем број се повредени кога автомобил влета во училница во Австралија

0
782

Најмалку две деца на возраст од осум години загинаа, а голем број се повредени, кога 52-годишна жена со нејзиниот автомобил влета во училпница од основно училиште во југозападен Сиднеј. Двете момчиња веднаш биле пренесени во болница во многу критична состојба, но починале од срцев удар откако спортскиот автомобил, кој го урнал дрвениот ѕид на основното училиште “Банкија” и ги прегазил, потврди полицијата. Три девојчиња на возраст од осум и девет години, исто така, се пренесени во болница со повреди. Тие остануваат во сериозна, но стабилна состојба, соопштија надлежните.

Уште 16 деца и нивниот учител биле третирани на самото место за мали повреди. Полицијата соопшти дека во класот имало 24 деца кога се случил инцидентот.

makfax.com.mk