Две експлозии во хемиската фабрика во Хјустон

0
223

Десетмина се полесно повредени во две експлозии во областа погодена од катастрофалните поплави во Хјустон, по ураганот Харви.

Експлозиите се случиле во хемиската фабрика Аркема во Крозби, во близина на Хјусот, за што и претходно имаше предупредувања, бидејќи поради поплавите нема струја и не работат апаратите за ладење на контејнерите во кои се чуваат хемикалии.

Информацијата за повредените ја потврдија и од Канцеларијата на шерифот на Хјустон.

Центарот за вонредни ситуации на округот Харис објави дека во Аркема се слушнале две експлозии.

Вработените се евакуирани, како и жителите на околу два километри од фабриката.

Без коментари