Две елиминации и еден успех на македонските екипи во Европа

0
442

Две од трите македонски екипи кои стартуваа во квалификациите, во Лига Европа, ги завршија настапите уште во првото коло. Силекс и Работнички испаднаа, а првото коло со две победи го мина Шкендија.

Актуелниот освојувач на македонскиот Куп, екипата на Шкендија, по триумфот на домашен терен над Краковија (2-0), победи и во реваншот во Полска. Ибраими во 13.минута ја најави победата на Шкендија, израмни Цетнарски во 68-та, а конечните 1-2 ги постави Хасани во 94.минута.

Работнички во Подгорица на дуелот со Будуќност замина со 1-1, а целата работа домаќинот ја заврши во 18.минута, Најдовски направи пенал доби црвен картон, а Радуновиќ го реализираше пеналот.

Силекс првиот меч од преставникот на Лихтенштајн, Вадуз, го загуби со 1-3, реваншот во Скопје го започна со голот на Мицков по половина час игра, но гостите во финишот постигнаа два гола преку Констанцо во 89-та и Масуд во 94-та минута.