Две годишни времиња за празниците

0
407

Повеќе дожд малку сончеви периоди. Тоа е сликата речиси секоја година за празникот на трудот 1-ви мај. Но оваа година така е веќе една недела. Велигденските празници ги поминавме со вакво време, сигурно некои поради ваквата временска прогноза остана дома, а похрабрите кои се повеќе авантуристи сигурно најдоа начин да уживаат во променливото време.Оние пак што денеска ги сретнавме на градското шеталиште во Битола , велат дека порано се знаело пролет, лето есен и зима, а сега само сме имале како што велат лето и зима

Четирите работни дена од оваа работна недела ги започнуваме со врнлежив вторник.Според информациите од УХМР среда ќе биде облачен и ветровит ден. Услови за сосема слаб дожд ќе има повремено во текот на денот, пред се во западниот и северниот регион од земјата.Се очекува умерен ветер од северен и северозападен правец во поголем дел од денот.

Максималната температура во северниот и западниот регион ќе има вредност од 14°С до 16°С, а на југоисток околу 18°С.

Ветровито ќе биде и во четврток. Повторно се очекува умерен северен ветер. Но, четврток ќе биде посончев ден и потопол ден. Очекуваме подолги сончеви периоди, особено попладне. Во однос на среда, четврток ќе биде потопол за околу 3°С.

Рано наутро во петок ќе биде умерено облачно, со сончеви периоди. Но, уште претпладне се очекува постепено зголемување на облачноста, а попладне се очекуваат локални врнежи од дожд. Овие врнежи повеќе се очекуваат во западниот, како и во североисточниот регион. Петок ќе биде уште потопол во однос на четврток.
Максималната температура во северниот и западниот регион ќе има вредност од 17°С до 20°С, а на југоисток околу 23°С.