Две илјади лица евакуирани во Москва поради дојава за бомба

0
380

Околу две илјади лица се евакуирани денеска од пазарот Рижски во центарот на Москва поради анонимна закана за поставена бомба, јави ТАСС.

– Анонимна личности јавила на полицијата дека на пазарот е поставена бомба. Полицискиот тим стигнал на местото и организираше евакуација на околу две илјади лица, се наведува во полициското соопштение.

Полициски кучиња го пребаруваат пазарот во потрага по експлозивната направа.

Без коментари

LEAVE A REPLY