Две лири-ресторан во Ресен за незаборавни мигови

0
2052

Две лири- вашето ново искуство-место каде гостите ја пишуваат рекламата за овој ресторан, место каде врвната услуга и големиот избор на специјалитети зборуваат за квалитетот на ова место.

Ресторан со богата и сочна македонска трпеза залиена со вкусно македонско вино , сите видови на чорба, скара, преспански крап, јадења по порачка.

Традиционалното во Две лири е неминовно поврзано со вкусот. Вкусот на различните предјадења, главни јадења и специјалитети е единствен и неповторлив. За тоа не може да се зборува, специјалитетите мора да се вкусат, да се доживеат.

dve_liri2.jpg

Со капацитет од 150 гости ,персоналот во Две лири ќе се погрижи гостите да се чуствуваат посебно а во вечерните часови доброто расположение ќе го зачинат различни музички групи.

Две лири е едно од најпријатните места во Ресен за сите видови на свечености, кој поседува и сала за деловни состаноци.

Она што е посебно во Две лири е салата за свадби, со капацитет од 600 гости.

Освен венчавки, тука се организираат сите видови на фамилијарни веселби, родендени, крштевки.

Тимот на Две лири на гостите им стои на располагање да им помогне при планирањето на нивните прослави а гостите имаат можност да изберат 4 видови на целосна декорација на маси и столови, како и мени по договор.

Сето ова ќе допринесе за една посебна прослава во неодолив амбиент, единствен во овој регион.

dve_liri3.jpg

Две лири прави спој на традиционалното со модерното.

Резултатот на овој спој е место со пријатна атмосфера во кое гостите ќе посакаат да уживаат со нивните најблиски, со пријателите или со нивните деловни партнери, а кога еднаш ќе го посетат ова место гостите секогаш повторно се враќаат.

Ресторанот Две лири, поседува сопствен паркинг и се наоѓа на улица Корчуланска бб.

 

Неда Маретиќ