Две лица од Битола пронајдени мртви во соба во мотел

0
790

Две починати лица најдени се во мотел во Битола. Настанот во битолската полиција е пријавен вчера, а според првичните информации на полицијата тие пред неколку дена ја изнајмиле собата. Како што изјави за Тера портпаролот на СВР Битола станува збор за лица од Битола, машкото родено 1982 година, а женското лице родено 1988. Според полиција од страна на вработените се пронајдени безживотните тела. Лекар од итната медицинска служба констарирал смрт, а јавен обвинител наредил обдукција.

Без коментари

LEAVE A REPLY