Две лица од Скопје се изгубија на Бистра, полицијата трага по нив

0
266

Две лица од Скопје не знаеле како да се вратат откако стигнале на врвот Меденица на планината Бистра и почнале да се симнуваат. Тие по телефон побарале помош од полицијата во Ростуше.Полицијата е се уште во потрага по нив. Полициските службеници биле информирани дека се истоштени и дека се без храна и опрема.