Две нови студиски програми за идните бруцоши на Педагошки факултет

0
1891

Социјална и рехабилитациска педагогија и преведување од англиски на македонски и од македонски на англиски јазик, се двете нови студиски програми кои што ги нуди Педагошкиот факултет од Битола. Со студиската програма социјална и рехабилитациска педагогија ќе се образуваат кадри кои по дипломирањето ќе го добијат звањето дипломиран социјален рехабилитациски педагог

– Овај стручен кадар ќе се бави со детекција, превенција и рана интервенција на проблеми кај деца и млади во однос на нивното социјално опкружување. Социјалниот рехабилитациски педагог ќе работи со деца и млади кои имаат проблеми со растот и развојот и токму поради тоа ќе треба тесно да соработуваат со семејството и други социјални институции кои што имаат воспитно советодавна функција. Кадарот ќе може да помогне во совладување на потешкотиите кај младите и да го овозможи подобрувањето на квалитетот на нивното живеење, изјави проф. д-р Валентина Гулевска, декан на Педагошки факултет во Битола

Што се однесува пак до студиската прогрма за преведување од англиски на македонски и од македонски на англиски јазик нејзината акредитација се јавува како природен развој на веќе постоечките филолошки капацитети на Педагошкиот факултет

– Имено од пред 10 години Педагошкиот факултет од Битола почна да едуцира кадар за потребите на наставата по англиски јазик во основните и средните училшта . Кадрите кои ќе произлезат од оваа студиска програма ќе се стекнат со знаење за современите теории на преведување и ќе стекнат стручни компетенции за начините и техниките за преведување. Тие ќе бидат сестрано образовани и ќе се стекнат со стручна и научна терминологија од различни области како на пример право, медицина, политикологија меѓународна дипломатија , општествени науки итн. Ваквите знаења ќе им помогнат во она што ќе претставува високо стручна квалификација во нивниот профил а тоа е симултано преведување и преведување од кабина, изјави проф. д-р Валентина Гулевска, декан на Педагошки факултет во Битола

Каде ќе можат овие кадри да се вработат по дипломирањето?

-По дипломирањето социјалниот и рехабилитациски педагог ќе може да работи во повеќе институции , во основни и средни училишта, градинки, во советувалишта , во ученички домови, во казнено поправни домови и разни други социјални институции. По дипломирањето овие филозофи од областа на преведувањето ќе можат да работат во најразлични институции како на пример компании, фирми, издавачки куќи , а ќе можат да работат и од дома, додаде Гулевска

Првиот уписен рок за идните бруцоши е на 15, 16 , 17 август.