Две првачиња во реновираното училиште во Канино

0
1560

После две и пол години, денеска 11 ученици од с.Кадино ја започнаа школската година во ОУ „Крсте Петков Мисирков“. Нема повеќе да патуваат до Бистрица. Влегоа во сосема реновирани простории за кои што биле потрошени 1,5 милиони денари. Од вкупно 11 ученици само две се првачиња

taleski kanino

„Имавме проблем со парцелите и изминатиот период тој проблем го решивме и сега децата ќе учат во реновирано училиште. Направени се две простории од кои едната за англиски јази, беше сменета дограмата, и она што е највашно се изврши санација на санитарните јазли и се направи нова септичка јама“, изјави д-р Владимир Талевски градоначалник на Битола

Задоволството од пуштањето во употреба на школката зграда во с.Канино го искажаа и директорот а и наставничката во ова училиште

„ Задоволство е кога школската година ја започнуваме во реновирано училиште, децата повеќе нема да има потреба да одат до Бистрица “, изјави Јованка Трајчевска, директор на ОУ „Крсте Петков Мисирков“ во с.Канино

naslovna kanino36

„ Почнуваме во нови простории, се е добро уредено, задоволство е да се работи со дечињата иако се само 11“, изјави Билјана Чардиковска, наставник во ОУ „Крсте Петков Мисирков“ во с.Канино

nastavnicka krste

Грдоначалникот најави дека за околу еден месец ќе биде поставено и монтажно училиште во с. Поешево. Инаку минатата година и во селата Крклино и Карамани учениците започнаа да учат во нови училишни згради.