Две ракети со експлозив пронајдени во авион на Ер Србија

0
700

Две ракети со експлозив пронајдени се на аеродромот „Никола Тесла“во Белград, а патувале на релација Бејрут преку Белград и Лондон, до Портланд во САД, јави Танјуг.

Ракетите со должина од 1, 5 метри биле во делот за багаж во авионот на редовната линија на „Ер Србија“ кој на аеродромот слетал директно од Бејрут.

Ракетите биле во сандаци и заедно со другиот багаж согласно процедурата биле истоварени од авионот, но полициските кучиња го намирисале експлозивот. Во тек е истрага кој ја пратил оваа карго- пратка и која била целта на испораката.